Од 1 јули во употреба ќе бидат само ќеси од разградлив материјал

Од 1 јули 2023 година целосно се забранува пуштањето на пазарот во нашата земја на пластични кеси и оксобиоразградливи кеси за носење стоки, односно тоа се оние кеси што ги добивате во маркет за 15 денари. Значи, остануваат уште пет дена производителите на кеси во земјава да набават материјали за производство исклучиво на биоразградливи кеси.

Тоа значи дека од  1 јули следната година задолжително ќе биде да  се пласираат ќеси кои се изработени од материјал кој може да се разгради како и секој органски материјал од вода, јаглерод диоксид и биомаса односно изработен според стандардот МКС EN ISO 17556: 2020.

Од Министерството за животна средина велат дека употребата на пластичните кеси е намалена за 10 пати, особено во маркетите, и тоа за околу 85 проценти.

Според Законот, парите од продажбата на кесите одат во специјален фонд за животна средина. Од донесувањето на Законот досега, во тој фонд се собрани над два милиона денари.