Синоќа се одржа првата женска ноќна атлетска трка насловена „Биди своја“. Над 250 учеснички беа пријавени за оваа трка, на која освен битолчанки и припаднички на понежниот пол и од други градови.
–Да се биде своја е една од најважните работи што можете да ги правите во животот. Тоа значи да ги прифатите вашите уникатни квалитети, интереси и личност, наместо да се обидувате да се усогласите со она што другите го очекуваат од вас. Кога сте доследни на себе, поголема е веројатноста да бидете среќни и исполнети во вашиот живот. Јас сум спортист и неколку години наназад почнав да се пријавувам и на трки на 5 километри. Сфатив дека трчањето е да се бориш со самиот себе, да си даваш мотив дека можеш да ја постигнеш целта и никако да не се откажуваш. Ако имаш цел, ќе се бориш, ако се бориш ќе имаш и успех. Оттаму и мотото “Биди своја” да си се прифатиме себеси, а не да прифаќаме што другите очекуваат од нас– вели организаторката Маја Атанасовска.
Доста Лазаревска беше највозрасна учесничка на ова трка.
Најбрза односно прва на целта пристигна Марија Пеликон, втора беше Мери Шешо, трета Јана Стефановска.