Летна адреналинска авантура во Крушево

Крушево, седма година по ред ќе го надополни летното уживање со фестивал кој  на едно место обединува музика, спорт и култура!

Целта на фестивалот е промовирање на крушевскиот живопис полн со природни убавини и спортски актракции, будење на адреналинот и желбата за дружење, но и промоција на уметноста, историјата, живите традиции на градот и гостопримството кои и тоа како создаваат чувство на топлина.

Фестивалот започнува во предвечерието на 24 Јуни, со пријавување и подигање на пакет со маичка и производи од спонзорите. Официјалното отварање започнува истиот ден со забава на отворено со ДАНИ ДИМИТРОВСКА и својот бенд, додека наредните денови музичката програма на отворено ќе ја надополнат FUNK SHUI, SHORTY P, DJ PATSIS, DJ Bapchu, ESTEPHANO, Totsilly. Целоснота програма може да се погледне на веб страната www.wheninkrusevo.com.mk.

Меѓу другите адреналински спортови кои ќе ги понуди фестивалот се и искачување на вештачка карпа, јавање на коњи, кајак и SUP. За љубителите на планинскиот велосипедизам има тура од 20 километри и планинска велосипедска трка, додека за истражувачите на планинските убавини планинарска тура од 10 километри. Оваа година за обожавателите на трките, во рамките на фестивалот ќе се одржи улична трка од 5 километри, како и trail трка, а за гурманите се спрема саем за храна и пијалоци.

Имаќи во предвид дека Крушево го има еден од најдобрите светски параглајдинг терени и е топ светска дестинација за овој вид на адреналински и активен туризам, во нашиот фестивал го вклучивме иатрактивното тандем параглајдинг летање од Мечкин Камен.

Затоа што заинтересираноста е голема, како и секоја година обезбедуваме камп зона на Крушевското езеро со сите потребни услови, додека оние кои ќе се одлучат за приватните и хотелските сместувачки капацитети, истите може да ги погледнат нашите соработници на веб страната www.wheninkrusevo.mk.

Картата за ова тридневно авантуристичко дружење во Крушево е 500 денари и истата може да ја купите напродажната мрежа на MK Tickets.