Вчера гордиот татко преку социјалните мрежи се пофали дека семејството станало побогато за уште еден член, објавувајќи фотографија на која се гледа како го држи бебето во прегратки.
„Ирис се роди. Ваистину се роди уште едно трилече“, напиша музичарот на Инстаграм.
Пере и неговата сегашна сопруга Јована се заедно од 2011 година, а во 2020 година ја добија првата заедничка ќерка Софиа.
За потсетување, Пере има две ќерки од првиот брак со новинарката Александра Спировска – Михаела и Каја. Михаела, која повеќето ја знаат како Миа, тргна по стапките на својот татко и се занимава со музика.