Платината достигна највисока цена во последните 6 години

На пазарот на благородни метали, платината го достигна највисокото ниво во последните шест години со цена од 1.337 долари за унца. Само пред една година, цената на платината беше повеќе од половина пониска, само 640 долари.

Оваа година, цената на платината се зголеми за 20 проценти поради очекувањата дека автомобилската индустрија ќе се опорави и дека интересот за обновлива енергија исто така ќе се зголеми. Подеднакво, побарувачката за платина може да се зголеми кога производителите сфаќаат дека овој метал е многу поевтина алтернатива на паладиумот.

Цената на една унца злато, пак, падна под 1.800 американски долари, пренесува SEEbiz.