Младински додаток од 3.000 денари – предизборен поткуп или реална мерка?

Во Собранието на Република Македонија влезе Законот за младински додаток, предложен од владата.

Според предлагачот, целта на законот за младински додаток е поттикнување на вработување на младите лица за вработување во дејностите  на производството  по завршување на средното образование, со што ќе се допринесе до подобрување на нивниот животен стандард  со работа и задоволување на потребите на работодавачите со соодветно квалификувана работна сила.

Од СДСМ информираат дека одлуката на Владата предводена од СДСМ, за доделување на младински додаток од 3.000 денари на младите вработени во производството и земјоделството е вложувањето во човечкиот капитал.

Преку оваа мерка, истовремено придонесуваме за подобрување на животниот стандард на младите и ги задоволуваме потребите на работодавачите со соодветно квалификувана работна сила, велат од владеачката партија.

Младинскиот  додаток ќе се исплаќа на сите млади лица до 23 години, со завршено најмалку средно образование и кои се во работен однос со задолжително социјално осигурување во производствена дејност. Потоа, младите лица кои се отстапени кај работодавач-корисник од производствена дејност од страна на приватна агенција за вработување, како и млади индивидуални земјоделци со задолжително социјално осигурување.

Дел од граѓаните не веруваат во оваа мерка, ова се дел од коментарите по објавувањето на оваа мерка од страна на премиерот Зоран Заев:

-Се што е плус па макар и 300 денари е добро, а камоли 3000, поарно нешто него ништо:) Многу од нас си дојдовме во Германија поради стандард и услови коишто не са недостигливи за Македонија ако има лиѓе што сакаат да направат…

– Абе намалете малку, пари одавде, пари оданде, не знајме шо да прајме, ќе почниме да се дрогираме да аздисуваме од многу пари.

-Инвестирајте во технички школи, во занает, створајте кадри за производна техника, сточарство…

-Нема да ги има многу, во Германија дневницата им е повисока на тие генерации.

-Паметам од 1990 до 2000 година луѓето живееја од социјално, исто гледам  сега се расфрлате со пари на сите страни, само тие што работат не им се плаќа трудот. Размислите.

-А за тие млади што дипломирале пред години и нивните дипломи им седат како сувенир, што правиме?

-Збогум сиромаштијо.