Триковите на Мерилин Монро за изгледот на нејзината „свилена“ кожа!

Тајната за убавината ѝ ја пренела само на една жена, а пет децении после нејзината смрт конечно се дозна.

Актерката Мерилин Монро е една од најпрепознатливите русокоси на сите времиња, имала тајни поради кои секогаш изгледала безпрекорно и трикови со кои постигнувала нејзината кожа секогаш да биде мазна и сјајна, на што многу други жени и завидувале.

Иако многу од нив биле убедени дека користи скапи креми и препарати, нејзината тајна се криела во најобичниот вазелин. Тоа го открила 86-годишната актерка Рене Тејлор во интервју по повод прославата 50 години Театарски и филмски институт Ли Стразберг.

„Дојде еден ден на предавање во друштвото Ли Стразберг и едноставно морав да ја прашам што направила за да изгледа толку добро. Тогаш ми рече дека цело тело го мачка со вазелин после што 3 часа поминува во топла купка и така секое утро. Тоа на нејзината кожа ѝ даваше посебен сјај“, изјавила Рене.

Рене го послушала советот кој Мерилин и го дала и се обидела со истото, но не успеала и покрај тоа што многу посакувала да има кожа како неа.

Приказната за една од бројните тајни за убавина на оваа дива, откриена е откако се случило да во еден од моментите кои засекогаш ќе се паметат во историјата, а тоа е моментот кога му пее среќен роденден на тогашниот претседател на САД, Џон Ф. Кенеди, испод фустанот не носела буквално ништо.

Така барем пишува во книгата „Life Isn’t Everything: Mike Nichols“ која содржи сеќавања од 150 најблиски пријатели на покојниот филмски режисер. Авторка на една од приказните е колумнистката на Њујорк Тајмс, Маурен Дoв, а која опишала до тогаш непознати детали.