(ВИДЕО) Кочани секојдневно се гуши од фабриката за рециклирање хартија 

До нашата редакција пристигна видео направено од граѓанин на Кочани каде што се гледа како излегува чад од фабриката за рециклирање на хартија, дури и во неработен ден. Граѓаните на Кочани тврдат дека за овој проблем не известува ниту еден медиум и дека разговорите со надлежните институции не дале никакви резултати.

Жителите на Кочани како и повеќето граѓани во Македонија мака мачат со загадувањето на воздухот. Во континуитет од повеќе дена, од мерната станица за загадување на воздухот, во Кочани може да се забележи дека загаденоста на воздухот е над нормалата.

Жителите на Кочани обвинуваат дека еден од поголемите загадувачи во Кочани е фабриката за хартија „ПЕЈПАР МИЛ“. Иако на веб страницата на фабриката стои податок дека истата не работи за време на викендите, таа и денес работеше за што доказ испратија жителите на Кочани од каде што се гледа дека работи и загадува во полна пареа.

Во прилог можете да го погледнете и видеото.

Deneska neraboten den 07:00 Kocani

Posted by Aleksandar Acur Doncev on Sunday, December 8, 2019

Кочанчани се жалат на неподносливата миризба од оџакот на фабриката.

Тие на 9 ноември организираа и протестен марш во нивниот град со цел да се спречи загадувањето на воздухот во нивната околина од страна на индустриските постројки во градот и околината.