(ФОТО) Суперхероите во новогодишна посета на децата од Клиниката за детски болести

Хоспитализираните деца на Клиниката за детски болести добија неочекувана посета од тимот на Црвен крст на Град Скопје. Членовите на тимот беа маскирани во костими од омилените херои од цртаните филмови, кои ја изведоа вежбата спуштање по јаже.

Децата и останатите присутни на клиниката имаа прилика да се дружат и фотографираат со маскираните главни јунаци Спајдермен, Супермен и Бетмен.