Општи карактеристики на Јарецот (22.12-19.01)

Во знакот на Јарец владее Сатурн. Во владеењето над овој женски земјен знак нему му помага и Марс. Родените во овој знак се сериозни, снаодливи и недруштвени.

Молчаливи се и не сакаат да се доверат на другите, а избегнуваат да бараат помош од други. Самостојни се и сите работи повеќе сакаат да ги направат сами отколку некој да им пречи. Во тоа прилично успеваат, бидејќи премногу се тврдоглави и упорни. Тоа воопшто не го сокриваат, туку ако е потребно, тоа може и да го докажат на најбрутален начин.

Храбри се и не се плашат од никакви закани. Ако нападнат, тоа го прават без никаква караница, бидејќи тие не сакаат многу да разговараат. Сепак кај нив на прво место е голема работна способност и рационалност. Знаат да бидат и во тоа како и во се друго многу упорни така што често се искачуваат високо во друштвото. Иако често паѓаат во меланхолични расположенија, нежноста не им е најдобро позната особина. Тие се родени практичари како на работа така и во љубовта. Тешко се вклучуваат во некое поголемо социјално групирање, се плашат од оние на кои им веруваат, а треперат од страв од сите на кои не им веруваат.

Многу сакаат пари и прифаќаат секаква работа со која може да се заработи. Но од тоа немаат голема корист, бидејќи не се доволно интелигентни за да можат најпаметно да располагаат со заработените пари. Ја мразат секоја надменост и фалење, а што се однесува на мажите тие се токму такви кога во прашање се жените. Трката за жени им е императив и во тоа се вистински мајстори. Тогаш знаат да зборуваат, но само толку колку што нема да им пречи кај следната авантура. Наспроти тоа, во бракот се многу стабилни и радо ги поднесуваат сите жртви.

Тешко им е да бидат на едно место, сакаат секогаш да шетаат наоколу! При тоа не им пречи ако бидат и сами. Тие тоа го сакаат и мислат дека се доволни сами на себе. Многу се мирни и жилави. Спремни се на се за да успеат. Победуваат со силата на истрајноста и одат постепено кон целта. Скржави се сами кон себе и имаат високо мислење за својата личност. Често не придаваат значење на овоземскиот живот.

Квалитетите им се: упорност, вредност, постојаност и длабоки чувства.

Мани: злобност, ладнокрвност и скржавост, тврдоглавост и недруштвеност.

Заболуваат од склероза, рак и болести на коските, а често се опседнати со разни замислени идеи.

Имаат шанси да постигнат успех во професиите поврзани со дрвна индустрија или некои работи во шума. Земјоделството нив им пружа исто така големи можности  за натпросечен успех. Тие се секогаш расположени за работи, но вистинскиот успех никогаш нема да го постигнат, затоа што се премногу резервирани кон сите работи и луѓе. Недостаток на самодоверба е нивната најголема слабост и затоа често се склони да работат осамени и изолирани. Често тогаш паѓаат во очај и тврдат дека сите се против нив. Ако сакаат некој поголем успех, мора да ја совладаат својата желба да се држат во позадина. Имаат добра моќ на запазување, и трошат многу време обидувајќи се да пронајдат излез од тешката ситуација, но во поголемиот број случаи ја пропуштаат можноста да го решат проблемот кој ги мачи.

Среќни броеви: осум и пет, а бројот три кога е во врска со вода опоменува дека доаѓа опасност.

Поволни денови: среда, сабота.

Бои: сива и сина.

Познати личности родени во овој знак: Киплинг, Џек Лондон, Молиер, Александар Борџија, Сезан.

Основни карактеристики на хороскопските знаци