Американскиот Стејт департмент ги објави докумуентите кои се однесуваат на постапките на американската администрација на претседателот Доналд Трамп кон Украина. Документите беа објавени по барањето за слободен пристап до информации.
Како што јавуваат агенциите, записите покажуваат повторени контакти меѓу државниот секретар Мајк Помпео и личниот адвокат на Трамп, Руди Џулијани.
Претседателот Трамп е обвинет за скратување на помошта за Украина, што Конгресот го одобри,порадипритисок врз земјата во истрагата за неговиот политички ривал Џо Бајден. Трамп ја прогласи истрагата за „лов на вештерки“ и ги негираше сите обвинувања.