На европските берзи во средата наутро, цените на акциите пораснаа трет ден по ред, поради оптимизмот на инвеститорите за вакцината „ковид-19“, загриженоста за ширење на коронавирусот падна во втор план.
Индексот STOXX 600 на водечките европски акции порасна за 0,4 проценти во 9,30 часот, така што од почетокот на неделава бележи пораст од над 5% и се движи на највисоките нивоа во последните осум месеци.
Утрово, Лондонскиот FTSE индекс зајакна 0,25 отсто, на 6.313 поени, додека франкфуртскиот DAX порасна 0,35 отсто, на 13.211 поени, а парискиот CAC 0,30 отсто, на 5.435 поени.
Европските берзи растат од понеделникот, кога американската Пфајзер и германската компанија БиоНТех објавија дека нивната експериментална вакцина против ковид-19 е ефикасна 90 проценти.
Вчера, како и претходните денови, цените на акциите најмногу пораснаа во банкарскиот и туристичкиот сектор, кои беа под притисок поради ширењето на коронавирусот во последните месеци.
Од друга страна, продолжи падот кај технолошкиот сектор, што доведе до раст за време на кризата со коронавирусот, затоа што најмногу профитираше од рестриктивните мерки и работата на луѓето од дома.
Цените на акциите пораснаа и на азиските берзи, па MSCI индексот на азиско-пацифичктата берза, без јапонската, порасна за 0,4 проценти околу 9,30 часот, достигнувајќи нов највисок раст од јануари 2018 година.
На берзата во Токио, индексот Никеи скокна 1,8 проценти, на 25,349 поени, што е ново највисоко ниво во последните 29 години.