Секој предмет и појава зрачи со одредена енергија. И расположението на човек блика со одредена енергија.
Постојат денови во кои целиот свет ни е на дланка, ден кој не дарувал со сите моќи потребни за да постигнеме се што сакаме.
Тој ден нашето расположение ја доживува својата експанзија благодарение на високата енергија.
Но постојат денови кога секој звук ни создава гнев, секој сончев зрак е пекол за душата и мислите.
Расположението е гориво што го движи телото низ денот, ноз месеците, низ годините.
Постојат фактори кои го формираат нашето дневно расположение.
1.Започнувањето на утрото. Првата утронска мисла, благодарноста кон она што го имаме и внесувањето на свежо цеден сок се првите моменти што го најавуваат убавото расположение.
- Луѓето што ве опкружуваат. Доколку вашата околина е полна со луѓе кои постојано се жлат и се ставаат во кожата нажртва, постојат големи шанси лошото расположение незабележливо да се всели во вас. Некогаш е подобро да го поминете времето сами и со активности што вам ве прават среќни отколку да поминувате време со енергетски вампири.
- Надворешниот изглед. Доброто расположение се крие и во облеката во која се чувствувате пријатно во среденото лице и коса.
4.Прифаќањето на информаците кои не ни се допаѓаат. Полесно е да се изговори отколку да се примени. Не секогаш слушаме информации кои се музика за ушите. Прифаќањето на информациите кои не се пријатни и наоѓањето нешто добро во нив може до извесно ниво да го спречи паѓањето на расположението.
- Правењето на активности што го подобруваат расположението. Секој заслужува да се чувствува убаво. Купување на работи што предизвикуваат среќа. Вкусен оброк крунисан со вкусен десерт, одмор далеку од дома и други активноста од кои задоволството го подобрув расположението.