Фудбалерите на Јувентус се откажаа од своите плати во висина од 90 милиони евра

Фудбалерите на Јувентус се откажаа од дел од своите плати, па клубот од Торино ќе заштеди околу 90 милиони евра од овој потег, изјави италијанскиот шампион.

„Постигнат е договор со кој играчите ќе се откажат од дел од нивната плата за март и следните три месеци или до крајот на тековната сезона“, објави Јувентус.

Играчите се откажаа од дел од својата плата за март, април, мај и јуни, со вкупна заштеда од околу 90 милиони евра.

Јувентус на тој начин се обиде да се солидаризира со луѓето кои се борат со пандемијата на коронавирус, која особено ја погоди Италија, каде првенството беше прекинато на 9 март.