Пад на каматните стапки на кредитите на домаќинствата

Каматни стапки на домаќинствата

Во споредба со минатиот месец, каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата во октомври е намалена за 0,03 п.п. и изнесува 5,78%. Месечното намалување произлегува од падот кај сите каматни стапки, и тоа: на кредитите во денари без валутна клаузула (за 0,05 п.п.), кредитите во странска валута (за 0,03 п.п.), како и на кредитите во денари со валутна клаузула (за 0,02 п.п.).

Во однос на октомври 2018 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити на домаќинствата е пониска за 0,37 п.п.

  • Октомвриската просечна каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата изнесува 5,06% и е пониска за 0,04 п.п. споредено со претходниот месец. Намалувањето е под влијание на надолната промена кај каматните стапки на кредитите во странска валута и кредитите во денари со валутна клаузула (за 0,38 п.п. и 0,09 п.п., соодветно), додека каматата стапка на кредитите во денари без валутна клаузула е непроменета. На годишно ниво, кај каматната стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата е забележан пад од 0,28 п.п.
  • Просечната каматна стапка на вкупните депозити на домаќинствата изнесува 1,25% и овој месец се намали за 0,07 п.п. Притоа, овој пад е под влијание на намалувањето на каматните стапки кај денарските депозити без валутна клаузула и депозитите во странска валута (за 0,10 п.п. и 0,03 п.п.), во услови на непроменета каматна стапка кај денарските депозити со валутна клаузула. Споредено на годишна основа, просечната каматна стапка на вкупните депозити на домаќинствата е пониска за 0,14 п.п.
  • Во октомври, просечната каматна стапка на новопримените депозити на домаќинствата7 е повисока за 0,01 п.п. на месечна основа и изнесува 1,25%. Растот во целост се должи на зголемувањето на каматната стапка на депозитите во странска валута (за 0,02 п.п.). Притоа, каматната стапка на денарските депозити без валутна клаузула не забележа промени на месечно ниво, во услови кога банките и штедилниците четврти месец по ред не примиле денарски депозити со валутна клаузула. Во споредба со октомври минатата година, кај оваа каматна стапка е забележан пад од 0,20 п.п.
Каматни стапки на вкупните и на новите кредити и депозити

Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

  • октомври 2019 година – Просечната каматна стапка на вкупните кредити во октомври продолжи да се намалува и се сведе на 5,05%, што преставува пад од 0,04 п.п. во однос на претходниот месец. На годишна основа, оваа каматна стапка е намалена за 0,37 п.п. Просечната каматна стапка на вкупните депозити забележа надолно поместување за 0,08 п.п. и се сведе на 1,28%. На годишна основа оваа камата бележи намалување за 0,15 п.п.
  • Во текот на октомври, просечната каматна стапка на новоодобрените2 кредити оствари месечен пад од 0,20 п.п. и изнесува 4,26%, додека споредено на годишна основа, кај оваа каматна стапка е остварено намалување од 0,66 п.п. Просечната каматна стапка на новопримените депозити, овој месец изнесува 1,19% и на месечна и годишна основа се намали за 0,08 п.п. и 0,19 п.п., соодветно.

Извор: НБРМ