Бремената жена заразена од вирусот, која потекнува од Вухан, роди здраво женско бебе во болницата Харбин, главниот град на северо-источната кинеска провинција Хајлонгџанг, минатиот четврток, соопшти локалната здравствена комисија.
Според извештајот на болницата, бебето тежело 3,05 килограми и Апгар резултат 10. Резултатот на Апгар е збир на оценки што едно бебе ги добива при раѓање, што ја одредува неговата состојба и евентуална потреба за реакција. Оцена над 7 се смета за нормална состојба.
По неколкудневен медицински карантин и медицинска опсервација, и бебето и мајката биле во стабилна состојба, јавуваат локалните медиуми. Кога мајката се пријавила во 38-та недела од бременоста, група акушери, пулмолози и неонатолози имале консултации и било решено да се породи жената со царски рез за да не се влоши нејзината медицинска состојба.
Тимот на медицинскиот персонал вклучен во операцијата не е во контакт со здрави луѓе и се наоѓа во изолација. Бебето било тестирано за коронавирусот два пати по ред, и на двете тестирања биле негативни.