Николовски: Субвенциите за зелена нафта ќе ги зголемиме на 50%

Го исполнивме ветувањето, ја реализиравме мерката „зелена нафта“ за која што се залагавме во претходните 10 години.

Преку неа овозможивме 30% поевтина нафта, го олеснивме производството и ги намаливме трошоците на земјделците. Оваа година на сметките на 55 илјади земјоделци враќаме околу 200 милиони денари, изјави Љупчо Николовски, Генерален секретар на СДСМ

Денес ви давам ново ветување – во следниот мандат субвенциите за зелена нафта ги зголемуваме на 50% и тоа веднаш по формирањето на новата влада во мај.

Оваа мерка е само дел од сетот развојни мерки предвидени во изборната програма на Социјалдемократскиот сојуз за претстојните избори, коишто ќе придонесат за модерно и конкурентно земјоделство, рече Николовски.