Најголемата измама во медицинската историјa, профитабилен бизнис

vaccine vaccination child baby doctor injection pediatrician injecting arm health immunization hand hospital needle syringe concept - stock image

Пред десет години, познатото научно списание „Лансет“ ја повлече лажната студија од 1998 година на британскиот гастроентеролог Ендру Вејкфилд во која се тврди дека вакцината за сипаници предизвикува аутизам.

И покрај повлекувањето, студијата стана проглас за „анти-вакцинирање“, така што веќе искоренетата болест започна повторно да одзема животи.

Експертите ја нарекуваат студијата на Вејкфилд најштетната работа во медицинската историја.

Објаснувајќи го повлекувањето на студијата, редакцијата на Лансет објави дека некои елементи на истражувањето биле неточни и спротивни на претходните откритија.

Британскиот весник „British Medical Journal“ тогаш објави дека работата на Вејкфилд добила значително медиумско внимание со штетниот потенцијал за јавното здравство што е тешко да се најде одредена споредба во историјата на медицинските науки.

Многу научници се обидоа да ги реплицираат резултатите од студијата на Вејкфилд, но без никаква корист.

Британскиот истражувачки новинар Брајан Дир во „Сандеј Тајмс“ објави серија написи кои покажуваат дека Вејкфилд имал финансиска корист од неговата лажна студија.

За студијата добил 435.000 фунти од адвокатите кои, заедно со родителите на некои деца кои биле вклучени во истражувањето, и подготвувале големи судски постапки против производителите на вакцини.

Со други зборови, студијата имаше за цел да обезбеди профитабилен надомест за фармацевтската индустрија.

Студијата беше отфрлена, отфрлена од дури 11 од 13-те оригинални автори, а британскиот Генерален медицински совет го прогласи Вејкфилд за виновен за триесет точки, вклучително и „нечесност и злоупотреба на деца“.

Му беше одземена лиценцата за доктор во Велика Британија, но тој никогаш не се откажа од својата теза.

Тој се пресели во САД и продолжи да ги пропагира своите идеи, од кои направи и профитабилен бизнис.