Хотелот „Континентал“ ќе оди под хипотека во Комерцијална банка за кредит од милион евра

За кредит од 960 илјади евра во Комерцијална банка, компанијата „Интернешнл хотелс“ ќе го заложи хотелот „Континентал“ вреден околу 3,8 милиони евра.

Ова го соопшти компанијата преку Македонска берза. Одлуката за ставање под хипотека на хотелот „Континетал“ треба да ја донесе собранието на акционери на „Интернешнел хотелс“ АД Скопје закажано за 5 март годинава.

Одлуката мора да се донесе со одлука на акционерско собрание затоа што станува збор за зделка која надминува 50 отсто од книговодствената вредност на имотот на друштвото, или изнесува над 74 проценти од вредноста.