Тринаесеттиот настап за Наполи во Серија А се покажа среќен за македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас, кој на гостувањето кај Сампдорија го постигна својот прв првенствен гол за тимот од Неапол.

Дваесетгодишниот играч за врска ја затресе мрежата на домаќинот во 16. минута за водство од 2:0, кога нафрлената топка од корнер ја спроведе во противничката мрежа.