WhatsApp не функционира повеќе на постарите телефони

Постарите верзии на оперативните системи Android и iOS веќе нема да имаат пристап до апликацијата WhatsApp која во сопственост на Фејсбук од саботата.

Овој потег е неопходен за да се заштити безбедноста на клиентите, јавува ББС.

Паметните телефони кои работат со Android 2.3.7 и постари верзии, како и IOS8 и постарите iPhone телефони, повеќе нема да можат да користат WhatsApp, а се наведува дека повеќето корисници сè уште ќе можат да ги користат своите оперативни системи по ажурирањето на истите.

Одредени уреди како iPhone 4S, кои поддржуваат само iOS 7, повеќе нема да бидат компатибилни со апликацијата.

Заради безбедност, тие немаа избор
„WhatsApp немаше друг избор за да ја задржи услугата безбедна, но во исто време се соочува со непријатен несакан ефект, односно со фактот дека апликацијата повеќе не е компатибилна со постарите паметни телефони“, рече аналитичарот на CCS Insight, Бен Вуд.

Апликацијата WhatsApp е четврта најзастапена апликација во оваа деценија и за прв пат уште во 2017 година, ги предупреди своите корисници за промените што ќе ги очекуваат во иднина.

„Ова е последна во низата одлуки откако апликацијата за пораки престана да работи на голем број уреди уште во 2016 година и на сите телефони на Виндоус заклучно со 31 декември 2019 година“, рече портпаролот на компанијата.