Полните пепелници со цигари далеку поштетни по здравјето отколку што се верува

Секој отпушок од цигара, според научниците, испушта скоро 15 проценти од вкупниот никотин содржан во целата цигара, а штетното ниво на никотин е присутно дури и една недела по изгаснувањето на цигарата.

Научниците од Националниот институт за технологија во Соединетите држави откриле дека отпушоците од цигари се поопасни по здравјето на луѓето отколку што се мисли, поради шокантното ниво на никотин создаден во воздухот долго после изгаснувањето на цигарата.

Секој отпушок од цигарите, според научниците, испушта скоро 15 проценти од вкупниот никотин содржан во целата цигара, иако повеќето хемикалии се испуштаат од изгасната цигара во првите 24 часа, се открива дека штетните нивоа на никотин се присутни една недела по гасењето на цигарата.

Овие откритија ги вознемирија и Австралијците, а нивниот совет за рак од Квинсленд ги предупреди жителите за опасноста од веќе догорените цигари.

„Во Квинсленд, ние се обидуваме да го забраниме пушењето во што е можно повеќе јавни места, особено затоа што некои не се свесни штетите за здравјето од „секундарното пушење“, изјави извршниот директор на Советот за рак на Квинсленд, Крис Мекмилан за „Дејли Меил“.

„Можеби мислите дека ги штитите децата од чад ако не пушите во автомобилот кога децата се присутни, но доволно е штетно кога пепелникот во топол автомобил е полн со отпушоци од цигари кои испуштаат штетни хемикалии“, рече Мекмилан.

Научниците откриле и дека отпушоците се поштетни кога времето е потопло.

„Ова значи дека ако не го исчистите пепелникот во рок од една недела, количината на изложеност на никотин за непушачите може да биде двојно поголема од тоа“, рече водачот на студијата Дастин Попиендек.