Заев: Собранието нема да се распушти ако не се донесе Законот за јавно обвинителство

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев посочи дека доколку не се донесе решение за законот за Јавно обвнителство, Собранието нема да се распушти.

Тој изјави дека тоа нема да ги одложи предвремените избори, бидејќи, како што кажа, изборите се распишуваат и Собранието се распушта од 45-60 дена, што значи имаме период од 15 дена како што тоа го дава Уставот.

Според него, разговорите мора да продолжат и да се донесе решение, бидејќи законот е од исклучителна важност.

Ако опозицијата се обидува да го минира законот за ЈО, Собранието нема да се распушти. Одложување на изборите сигурно нема. На 12 април се изборите, убаво е да се случи распуштањето на парламентот како што тоа го наведува законот, рече Заев.