Се намалуваат цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денес донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,82%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени од 27.01.2020 година.

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 2,82%.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,00 денари и изнесува 58,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за
домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 1,50 денар и изнесува 66,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство изнесува 47,50 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,00 денар и изнесува 68,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,473 ден/кг и изнесува 34,922 ден/кг.