Николовски: Сите професионалци да ја искористат можноста за самокандидирање на пратеничките листи на СДСМ

„СДСМ е отворена партија! Даваме можност за самокандидирање и на личности кои не се дел од СДСМ, а се докажани индивидуи, кредибилни и препознаени во средината, кои ги поддржуваат нашите политики и имаат идеи да ги надградуваат нашите политики.

Ве повикувам, сите професионалци, чесни и угледни индивидуи, кои споделувате социјалдемократските вредности, и кои имате порив и определба да направите добро за својата земја, веќе од 7 февруари да доставите кандидатура за пратник или пратеничка. Програмата на СДСМ носи храбри решенија, приклучете се!

На нашите кандидатски листи младите ќе бидат застапени со 30 отсто млади, а за првпат ќе воведеме целосна родова рамноправност од 50 отсо жени и 50 отсто мажи,“ изјави денеска генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.