Со СДСМ и Заев, Македонија длабоко загази во корупција на 106 место според рангирањето на Транспаренси Интернешнл, во друштво на Монголија и Брегот на Слоновата Коска, се вели во утринското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Фрапантниот пад од 13 места на индексот на корупција, според ВМРО-ДПМНЕ, покажува дека за криминално рекетарската влада на Заев и СДСМ не важи ни закон ни Устав.
Исклучително поразителна оценка за владеењето на правото и правната држава покажува и реномираното списание „Економист“ кое ја оценува Македонија како хибриден режим.
Дополнително на ова според „Економист“, Република Македонија е на 8-мото место во Светот по иселување на млади луѓе од државата.
Оттаму велат дека Македонија е држава во која кршењето на законите, селективната правда, партизирањето на институциите се секојдневие.
Затоа инвеститорите бегаат а Македонија е земја со најнизок раст на платите за 2019 година, а според Евростат дури 36,9 проценти од домаќинствата имале проблеми со навремено плаќање на режиски сметки во изминатите 12 месеци.
Заев наместо живот донесе режим, корупција и криминал, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.