Потпретседателката на СДСМ, Мила Царовска, вечерва се сретна со граѓаните на Крива Паланка и Ранковци. Тема на разговор беа мерките што Владата предводена од СДСМ ги спроведува во интерес на граѓаните и следните предизвици.
„Навистина сум среќна што од идната недела секој пензионер во државата ќе добие зголемена пензија од 700 денари. Ова зголемување ќе влезе во основицата на пензијата и ќе се исплаќа секој месец, што значи дека за една година пензионерите ќе добијат дополнителни приближно 9.000 денари на своите сметки“, рече Царовска.
Царовска истакна дека изминатиот период силно се работеше на намалување на сиромаштијата. Со имплементацијата на социјалната реформа помошта кон најранливите е зголемена во просек 300 отсто.