Лос Анџелес Лејкерс го одигра првиот натпревар по трагичната смрт на Коби Брајант. На домашен терен тимот предводен од Леброн Џејмс доживеа пораз од Портланд.

Во пресрет на мечот беше организирана церемонија со која достојно му се кажа збогум на петкратниот НБА шампион и член на Лејкерси во текот на 20 години.

Првата ѕвезда на „езерџиите“ ја откри тетоважата со која му оддаде почит на својот поранешен соиграч од репрезентацијата на САД.