Владата очекува околу 120.000 работници да добијат повисоки плати

Со 39 милиони евра од буџетот ќе се поттикнуваат бизнисмените да ги покачат платите на работниците. За зголемените плати од 600 до 6.000 денари, државата  ќе ги плаќа придонесите.

Платата ја покачува бизнис секторот но државата ги субвенционира придонесите се со цел да го олесниме покачувањето и помалкју да ги чини работодавачите самото покачување. Притоа не ги празниме фондовите, тоа е многу важно дека фондовите ги добиваат своите приливи кои ги очекуваат, истакна Царовска.

Дел од бизнисмените апелираат да не се заобиколуваат законите. 

За оние кои ќе сакаат поштено да работат добиваат морков, значи добиваат одредени субвенции, а они што сакаат да го изигруваат законот особено оние коои враќаат назад пари на рака треба д аима зајакната инспекција и ние како работодавачи сме против таквите работодавачи зошто го рушат угледот на сите работодавачи во Македонија, вели Ангел Димитров од Организација на работодавачи на Македонија.

УЈП ги повика работниците и компаниите да ги пријават газдите кои ги заобиколуваат законите. Особено газдите кои бараат од работниците да вратат дел од минималецот.

Надлежноиста е кај државниот трудов инспекторат. Ние може да постапуваме во делот на даночните затајувања. Некогаш имаме заеднички контроли со Државниот трудов инспекторат и тие даваат соодветни резултати, рече директорката на УЈП Сања Лукаревска.

Немаме механизам за да докажеме дека работодавачот ги барал парите назад од вработените. Ние не сме истражен орган. Ретко доаѓаат луѓе и се жалат, но ние им укажуваме дека не сме орган кој тоа ќе го детектира и докажува. Има истражни органи во МВР, мислам дека таму треба да се пријавуваат иако тоа се веќе ретки случаи. Мал е бројот на работници, тоа е веќе луксуз. Се менува сликата последните три-четири години со одливот на луѓе надвор, рече денеска директорот на Инспекторатот, Аљајдим Хавзиу.

Владата очекува околу 120.000 работници да добијат повисоки плати, а тука влегуваат и тие на кои ќе им се зголеми минималецот. Субенциите за повиксоки плати ќе важат од ноемвриската плата, а повисокиот минималец за 2.000 денари работниците ќе го добијат со декемвриската плата во јануари.