Град Скопје на Фејсбук ги информираше граѓаните дека нивните инспектори затекнале луѓе кои палат кабли на просторот под скопското Кале.

„Тие го напуштија местото, но го заборавија автомобилот“, стои во објавата на Град Скопје.

Главниот инспектор на Град Скопје Мирослав Богдановски за МИА изјави дека тие се фатени и санкционирани.

-Екипите на Инспекторатот на Град Скопје лоцираа лица кои вршеа спалување на кабли. Истите се дадоа во бегство при што нивното возило беше оставено. Во координација со МВР лицата се фатени и се санкционирани. Нема компромис и милост во борбата за чист воздух, се наведува во Фејсбук-објавата на Инспекторатот на Град Скопје.

Градските власти дополнително апелираа до граѓаните да пријавуваат огнови на отворено на бројот 193.

Градските инспектори тукушто затекнаа палачи на кабли на просторот под кале. Тие го напуштија местото, но го заборавија автомобилот.Пријавувајте огнови на отворено на 193!

Posted by Град Скопје on Friday, January 31, 2020