Заради ширењето на коронавирусот се појавија бројни теории на заговор околу тоа од каде потекнува вирусот. Заради тие теории денеска мораше да се огласи и познатата компанија „Корона“ која произведува пиво.
Интернет корисниците пребарувале „корона пиво вирус“ и „пиво вирус“ мислејќи дека мексиканското пиво кое се вика „Корона“ е поврзано со коронавирусот кој досега одзема 170 животи.
Некои луѓе почнале да го поврзуваат пивото „Корона екстра“ со смртоносниот коронавирус од Вухан, па така дури и на интернет од 18 јануари има бројни резултати на пребарувачот кои ги пишува „корона пиво вирус“ и „пиво вирус“.
Сепак, денеска се огласи компанијата која наведува дека веруваат дека нејзините купувачи разбираат дека помеѓу пивото и вирусот нема никаква врска.
-Веруваме дека потрошувачите разбираат дека нема никаква врска помеѓу вирусот и нашето работење – рекла директорката за комуникации, Меги Баумен.