Индиец организирал лажна роденденска забава за својата едногодишна ќерка, а потоа зел како заложници повеќе од 20 деца, пренесува BBC.

Убиениот Субхаш Батам порано бил обвинет за убиство, но се наоѓал на слобода. Неговите соседи во Фарукбабад подоцна ја претепале неговата сопруга до смрт.

Тој ги држеше децата во заложништво десет часа, за кое време полицијата се обидувала да преговара со него. Кога полицијата влегла во куќата каде се наоѓаа децата и Батам, тој бил веднап убиен. Сите деца на возраст од шест месеци до 15 години се спасени.

Локалниот новинар Дипак Кумар Сривастава изјави за BBC дека неговите соседи ја минале ноќта во страв.

– Имаше страв во соседството и никој не спиеше. Сите беа загрижени за безбедноста на децата – рече тој. Тој исто така додаде дека полицијата поминувала часови обидувајќи се да го убеди Батам да ги ослободи неговите деца. И кога не успеаја, ги повикале специјалните сили за помош.

Пред да биде убиен, Батам се согласи да пушти 6-месечно бебе, кое му го предал на соседот преку балконот, по седум часа заробеништво.