Како што пренесува Фокус на денешното рочиште за случајот “Рекет” има презентацијата на фотографиите од брендираната гардероба која била запленета при претресот во домот на обвинетиот Бојан Јовановски.

Меѓу запленетата облека беше и сребрената наметка од “Луј Витон” која Боки 13 ја носеше на доделувањето на наградите “Story”.

-Костимот кој што го носам на себе е инспириран од приказната, од делот од „Волшебникот од Оз“. Тоа е од последната колекција на компанијата „Louis Vuitton“, но има друга симболика. Имено, сите средства купени од оваа последна колекција одат во борба против тероризмот и насилието. Пораката зошто јас го носам сево ова е голема. Бидете живи и здрави и гледајте 1ТВ, појасни тогаш Јовановски, а потоа се дозна дека наметката чинела неколку околу 8.000 евра.

Освен гардероба, во станот на Јовановски биле пронајдени пари, но и оружје, за кое не беше јасно дали е негово, бидејќи во “Рекет 2” неговиот татко Миле Јовановски е обвинет за неовластено поседување на оружје.