
Американскиот државен секретар Мајк Помпео, вчера во Лондон на состанокот со британскиот колега Доминик Рааб ја нарече кинеската комунистичка партија „најголема закана за нашето време“.
„Кинеската комунистичка партија е најголемата закана за нашето време“, рече американскиот државен секретар пред новинарите, како што продолжија тензиите меѓу Лондон и Вашингтон, откако британските власти му дадоа зелено светло на кинескиот „Хуавеи“ да учествува во изградбата на мобилната мрежа 5Г.
Кина е „одлична економија со која американската економија е тесно поврзана. Тоа е одлична деловна можност за нас“, додаде Помпео.
„Непријателски кон САД“
„Комунистичката партија на Кина, под водство на претседателот Си Џинпинг, има цели што не се во согласност со западните вредности“, прецизира тој.
Кон крајот на октомври, Помпео го обвини Пекинг дека е „отворен непријател“ кон Соединетите држави.
Еден месец подоцна, тој ја обвини Кина за „нова визија за авторитаризам“.
Потоа Пекинг го повика да „се откаже од своите идеолошки предрасуди и застарениот менталитет од Студената војна“.