Вежба за совршен стомак

Склекот е една од најпопуларните и најефективните вежби за абдоминален дел од вашето тело. Покрај абдоменот, оваа вежба влијае и на голем број други мускули, па вашите раце, рамена и нозе исто така ќе бидат под голем напор.

Ако подолг временски период останете во склек, ќе почувствувате како мускулите почнуваат да се активираат, па од оваа стационарна вежба ќе добиете вистински тренинг.

Вежбите за издржливост ќе ви го олеснат секојдневното движење, било да се работи за дневна активност или станува збор за сериозно занимавње со спортот.

Не е важно дали издржливоста во склек (plank) ќе ја правите на лактови или со испружени раце, но важно е само оваа вежба да ја правите секој ден во текот на месецот.

Пленкот е вежба како за мажи така и за жени.

Начинот на кој што треба да го направите тоа во еден месец е следен:

Првата недела правите пленк 20 до 60 секунди.

Втората недела во пленк бидете од 60 до 90 секунди.

Третата недела во пленк бидете од 90 до 120 секунди.

Пленкот можете да го правите само еднаш дневно во текот на денот, но ако имате сила и желба, можете да го правите неколку апти во текот на денот и така ќе го забрзате процесот на зацврстување на вашиот стомак.