Поради сомнеж за појава на коронавирусот, под карантин е ставен крузер во Италија.
Околу 6.000 лица се заробени во италијанскиот крузер бидејќи постои сомнеж дека со коронавирусот е заразен еден пар кој пристигнал во Италија на 25 јануари и истиот ден се качил на бродот Коста Смералда во пристаништето Савона. Се спроведуваат анализи и тестови над двајцата патници од Кина, бидејќи тие имале покачена температура и потешкотии со дишењето.
Според изјавата на портпаролот на никого не му е дозволено да го напушти бродот додека не се утврди дали парот од Кина е заразен со смртоносниот вирус.