Во периодот 01.01-31.12.2019 година Комерцијална банка АД Скопје од своето работење на консолидирана основа оствари нето добивка за финансиската година во износ од 1,8 милијарди денари или околу 29 милиони евра, соопшти банката преку Македонската берза.
„Вкупната актива на консолидирана основа изнесува 123 милијарди денари, додека консолидираниот износ на капиталот и резервите со состојба 31.12.2019 година изнесува 13,3 милијарди денари“, информираат од банката.
Консолидираниот неревидиран биланс на успех и биланс на состојба на банката за периодот 01.01-31.12.2019 година се состои од билансот на успех и билансот на состојба на Комерцијална банка АД Скопје, на подружницата КБ Публикум инвест АД Скопје, на придруженото друштво КБ Прво пензиско друштво АД Скопје – претставени како биланс на успех и биланс на состојба на едно правно лице.