Испечени првите колачи во вселената

Бисквитите со чоколада станаа првата храна печена во вселената како дел од уникатен експеримент, објави Би-Би-Си.

Астронаутите на Меѓународната вселенска станица (ИСС) печеа колачиња во специјална рерна минатиот месец. Три бисквити, секоја во посебна обвивка и се вратија на Земјата со вселенското летало SpaceX Dragon на 7-ми јануари.

Целта на експериментот е да се истражат можностите за подготовка на храна за време на долги патувања во вселената. Резултатите од експериментот спроведен од астронаутите Лука Пармитано и Кристина Кох беа откриени минатата недела. Досега никој не знае каков вкус имаат тие.

Портпаролот на Double Tree, кој го обезбеди тестото за бисквити, изјави за Би-Би-Си дека бисквитите наскоро „дополнително ќе бидат тестирани за да ги проценат конечните резултати од експериментот“.

Овие тестови исто така ќе утврдат дали се безбедни за консумирање.

За целите на експериментот, пет бисквити беа печени во текот на неколку дена за да се утврди идеалната температура за печење, како и потребното време.

На Земјата, потребни се околу 20 минути на околу 150 степени Целзиусови за да ги испечете овие колачиња. Астронаутите откриле дека печењето во вселената трае многу подолго.

Првиот бисквит, кој се печеше 25 минути, беше жив, а вториот, кој беше 75 минути во рерната, исто така мирисаше како живо тесто. Астронаутите во нивната проценка се потпираа на изгледот и мирисот на колачињата.

Четвртиот и петтиот, печени 120 минути со ладење 25 минути, или 130 минути во рерна со ладење од 10 минути, се чинеа како најуспешни.

Додека печеше, италијанскиот астронаут Пармитано редовно известуваше за напредокот на експериментот. Тие се печеа во прототип рерна.

Zero G Kitchen ја опиша печката како цилиндричен изолиран сад што може да пече примероци на храна во услови на лебдење. Рерната работи на сличен принцип како тостерите.