Макрон го обвини Ердоган дека го крши договорот за Либија

epa08175904 French President Emmanuel Macron (R) talks with Greek Prime Minister Kyriakos Mitsotakis (L) after their meeting at the Elysee Palace in Paris, France, 29 January 2020. EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Францускиот претседател Емануел Макрон вчера го обвини турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за кршење на ветувањата на конференцијата за Либија, откако турските воени бродови и сириските борци пристигнаа во северноафриканската земја.

„Сакам да изразам загриженост за однесувањето на Турција во овој момент, што е во целосна спротивност со она што го вети претседателот Ердоган на конференција во Берлин“, рече Макрон на заедничката прес-конференција со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

Коментарите на Макрон се случија една недела откако Обединетите Арапски Емирати, Египет и Русија, кои ги поддржуваат командантот на либиската армија на истокот од земјата, пензионираниот генерал Калифу Хафтар, и Турција, која ја поддржува меѓународно признатата влада за национално единство во Триполи, се согласија со западните сили во Берлин дека ќе работат на поттикнување на постојан прекин на огнот и поддршка на ембаргото за вооружување.

Сепак, оттогаш има судири со либиската национална армија на Хафтар (ЛНА), која се обидува да отвори нов фронт со преселба во Мисрата, на западниот дел на земјата.

Макрон го потврди присуството на турските бродови и ја обвини Анкара за кршење на суверенитетот на Либија и загрозување на безбедноста на Европа и Западна Африка.