Изработена веб-страна која овозможува преку интернет да се следи ширењето на корона вирусот низ светот, односно прикажува каде тој е концентриран и ги регистрира сите случаи на заболени како и бројот на починати лица.

Мапа креирана од страна на истражувачите на Универзитетот Џон Хопкинс создаде база на податоци, чии информации се превземени од Центрите за контрола на болести и превенција, Светската здравствена организација, Кина ЦДЦ и други извори со географско-информативен систем мапирање.

Во моментов 132 лица се водат како починати поради компликации од овој вирис. Во областа на Вухан во Кина има 3.554 заболени до сега, а починати се 125. Надвор од Кина, најголем број на инфицирани случаи се регистрирани во Тајланд, каде што има 14 заболени, а вон Азија според бројките, најмногу има во САД (5), Германија (4) и Франција (4).

Најмалку осум лица беа уапсени во Кина, обвинети за „објавување или проследување лажни информации на Интернет без верификација“ за коронавирусот. Новинарите објавија дека добивале закани и биле приведени откако известувале за вирусот.

Во моментов повеќе држави размислуваат да го затворат влезот за кинеските државјани.

Ова е линкот на кој можете да видите каде е распространет корона вирусот:

https://gisanddata.maps.arcgis.com/apps/opsdashboard/index.html?fbclid=IwAR08RoDZ9FreVOFF2xPqrEJOKygDuiMRlnSRu7UQJ4aKPoQYJ0Pm8vfXk3I#/bda7594740fd40299423467b48e9ecf6