Од ден на ден ситуацијата со коронавирусот е посериозна. СЗО прогласи пандемија, а жариштето од Кина се пресели во Европа. Најпогодени се Италија, Шпанија, Германија и Франција.
Со цел да се спречи ширење на вирусот, голем број на држави прогласија вонредна состојба, но и покрај тоа граѓаните не ја сфатија сериозно работата. Не е време за паника, но е време за одговорно однесување.
Дека се работи за многу сериозен вирус покажуваат и снимките од Кина каде луѓето буквално покосени паѓаат на земја.
Дополнително Италијанците објавија снимка од одделението за итни случаи во болницата „Папа Џовани XXIII“ на која се гледа колку е сериозна ситуација и како лекарите и медицинските сестри очајно се борат со оваа појава.