(Галерија) Екипата на “Медена земја” во друштво на најпопуларните

Во театарот „Долби“ во Холивуд, тимот на „Медена земја“ беше дел од настан организиран од американската Академија за филмски уметности и науки во пресрет на доделувањето на „Оскарите“ што ќе се одржи на 9-ти февруари.

Екипата на „Медена земја“: Љубо, Тамара, Атанас, Фејми и Самир на социјалните мрежи споделуваат фотографии каде што се во друштво на Бред Пит, Роберт де Ниро, Леонардо ди Каприо, Ал Пачино, Квентин Тарантино…