По сериозните критики од експертите, поднесување на Законот за јавно обвинителство во Собранието би било политичко насилие

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, вчера ја започна Јавната расправа на тема: „Јавното обвинителство како ефикасен орган во борба против корупцијата“.

Предлог-законот за Јавно обвинителство го образложи министерката за правда, Рената Дескоска, која информираше дека истиот се подготвувал долг временски период во Министерството за правда, со домашни и странски експерти, со начела засновани на меѓународни стандарди. Таа упати апел да се дадат предлози и сугестии за дополнување на Предлог-законот, кои ќе бидат разгледани во работната група и ќе бидат земени предвид, сѐ со цел придонес во владеењето на правото.

Законите ги носат политичарите, но се носат за граѓаните – рече државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, и токму затоа е потребен силен закон за Јавното обвинителство, усогласен со законодавството на ЕУ. Како критериуми за оцена на работата на јавните обвинители ги наведе: стручноста, квалитетот, ажурноста, ефикасноста, непристрасноста, совесноста, угледот, етичноста. Во продолжение, Јовески ги повика пратениците да ги поддржат решенијата од овој Предлог-закон и оние кои ќе бидат вградени по оваа јавна расправа.

Претседателот на Советот за јавни обвинители, Ацо Колевски, од своја страна, се задржа на оние делови од Предлог-законот кои го засегаат самиот Совет, односно на некои недоречености.

Законот навлегува во овластувањата на обвинителите и сoздава правни празнини

Тој рече дека спорна е одредбата од член 108 став 3 од Предлог законот за јавно обвинителство кој исто така предходно не била дел во овој текст.

-Според мене право е на Државниот Јавниот обвинител да определи кој јавен обвинител кој предмети најуспешно ќе ги заврши, според новиот предлог на законот вакви ингеренции има и Јавниот обвинител на основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и коорупција. Со оваа одредба се навлегува во доменот на нивните овластувања, од теоретски аспект, во правото на Државниот јавен обвинител и на Јавниот обвинител на обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и од тие причини сметам дек аи оваа одредба не треба да биде предмет на регулација, вели Колевски.

Тој истакна дека во однос на член 94 став 1 од предлог законот се предвидува дека Советот на јавни обвинители може да донесе одлука со жалба на странките, односно одлука против одлуката за предлогот за разрешување донесен од страна на комисијата од член 93 став2.

Колевски вели дека проблемот се јавува кога против одлуката на комисијата од член 93 став 2, не е поднесена жалба. Кога е поднесена жалба членот 94 став 1 го регулира ова и кога е поднесена жалба само Советот може да донесе одлука за разрешување, но кога не е поднесена Советот нема правна можност да донесе своја одлука.

Со ова се доведуваме до ситуација на правни празнини кои можат да доведат до комплицирани ситуации, вели Колевски.

Универзитетскиот професор по право Гордан Калајџиев искритикува дека се смешни и дилетански одредбите во законот како и дека продолжувањето на постапките не е нова сезона од серијата „Френдс“.

Не ми е јасно што беше толку важно во овие неколку случаи за „Поштенска банка“, „Империја“ и останати за кои по мене се незаконски поведени, за да се одолговлечат и да се обезличат за да не згаснат тие спорни истраги, што беше толку важно за да се одолговлечат сите останати постапки за овие случаи ? – праша Кајалџиев.

За оваа непотребна жртва која резултираше со фијаско во евроинтеграциите, резултираше во фијаско во донесување на законот . И во овој предлог закон има неколку многу нејасни одредби постапките ако тоа е идејата да продолжат истрагите, член 108 вели дека постапките треба да продолжат.

WOW што е ова, нова сезона на „Friends“, зошто обвинителот не го покаже писмото од Катица Јанева, и јас ќе го повикам уште еднаш обвинителот да го покаже писмото, зошто Катица не е суспендирана и тогаш и сега пишува кога ќе одела во притвор ќе се суспендирала, како можела Катица да му ги даде предметиите на Марко, а можела да ми даде на Јовески? – праша Калајџиев.

Тој остро искритикува дека постапките кои се спорни не може политички субјект да ги воскресне, дека се смешни и дилетански одредбите во законот за Европската конвенција чии одредби требало да ги имплементира сега новото обвинителство.

 

Меѓу дискутантите, свои конкретни забелешки по Предлог-законот даде професорката по уставно право, Гордана Силјановска-Давкова, која беше децидна дека истиот треба да оди на Венецијанска комисија и не може да се носи по скратена постапка.

Универзитетската професорка по уставно право Гордана Силјановска Давкова посочи дека член 109, став 1 и 2 е потребно да се корегираат бидејќи директно се мешаат во Советот на јавни обвинители.

Член 109 апсолутно и став 1 и став 2 не им е место во Законот за јавно обвинителство, затоа што тоа значи директно мешање на законот во работата на советот на јавни обвинители. Имено во рок од 30 дена од влегувањето на сила на овој закон се вели дека Основно јавно обвинителство ќе донесе одлука за зголемување на бројот на јавни обвинители за гонење на висок криминал, не може закон тоа да нареди, тоа е нивна работа врз основа увидот на јавните обвинители и мислам дека ова не е страшно да се корегира. И втората, се вели дека во рок од 15 дена од донесувањето на одлуката од ставот 1, Советот на јавни обвинители ќе распише оглас, ниту ова не може во овој закон да го пишува, бидејќи не е работа на овој закон, изјави Силјановска Давкова.

Во голем дел со нејзините забелешки се сложи и Владо Камбовски, како претседател на Комисијата која го изработуваше Предлог-законот. Тој беше дециден дека Собранието се наоѓа во позиција кога мора да го донесе овој закон, дури и по цена на одложени избори, затоа што без владеење на правото нема перспектива за земјата и тоа е суштествен услов за европска интеграција.

Своите забелешки на предлогот на законот за јавното обвинителство на јавната дискусија ги искажа и проф. д-р Тања Каракамишева-Јовановска, професор по Уставно право на Правниот факултет „Јустинијан Први“.

Овој предлог закон очигледно е дека претставува компилација на одредби од важечкиот закон за јавното обвинителство, во него се ученички вметнати препораките што Венецијанската комисија ги има дадено за законот од 2007 година, плус предлагачот дополнително ја искористил или ја злоупотребил реформската потреба за подобрување на квалитетот на работата на ЈО и ги вметнал одредбите за вдомување на кадрите и надлежностите од неуставното СЈО.

Одредбите за барање начин како да се вдомат кадрите и надлежностите од СЈО не се препораки на Венецијанската комисија. Оттука, новата компилација е вид имитација на реформски акт.

Предлог законот кој е пред нас е всушност своевидна камуфлажа на балканските решенија кои се кријат зад европските стандарди, и тоа мора јасно и гласно да се каже.
Оваа состојба ми наликува на девојка која во 2007 година одлично и стоела одредена облека, но по 13 години голема е веројатноста дека таа облека повеќе нема да и прилега на жената која се оформила по 13 години.

Второ, кога сме кај почитување на правото, ме интересира дали за овој предлог на закон е испочитуван Деловникот на Собранието, односно дали овој предлог на закон е офиццијално доставен до Собранието?

Со оглед дека поднесувањето на предлогот на законот е клучен момент за да започне законодавната постапка ова е важно претходно прашање кое е поврзано и со одржувањето на јавната дискусија.

Познато е дека за да има јавна дискусија предлогот на законот требал да помине прво читање во законодавно-правната комисија како матично работно тело.

Прашањето ми е зошто не е почитувана деловничката процедура?

Трето, во 2015 година Собранието донесе неуставен Закон за СЈО.

И покрај предупредувањата на експертската јавност дека законот е спротивен на уставното начело на единственост на органот и неговата хиерархија, дека воспоставувањето на СЈО во системот ќе доведе до паралелизам во јавнообвинителската организација и функција, тогашната власт и опозиција останаа глуви на овие предупредувања.

Факт е дека јавното обвинителство и судството во Македонија се заложници на политиката. И покрај уставните одредби за независност, политичка непристрасност, и работа со интегритет, дел од судиите и од јавните обвинители со години не го положуваат испитот на заштита на правото и правдата во земјата.

Екс специјалната обвинителка Фатиме Фетаи, побара обвинителите за организиран криминал да ги избира канцеларијата на ЕУ во Скопје.

„Сакам да истакнам и за постапката за избор на шеф и на членови. Бидејќи сакаме силно обвинителство со финансиска независност, критериумите за избор на шеф и обвинители во обвинителството треба да бидат построги. Ние сме мала земја и може да има влијанија.

Предлагам во постапката за избор на шеф и обвинители во тоа обвинителство да биде вклучена и канцеларија на ЕУ во Република С. Македонија преку мониторинг почнувајќи од моментот на интервјуирање до избор на кандидатите и тие да имаат право да дадат мислење за тие кандидати“ – изјави Фетаи.

Поради големиот интерес за темата на оваа јавна расправа, истата продолжува денес.