Во Кичево, за градоначалникот не важи законот, истакнато само албанското знаме

Во Кичево денес градоначалникот Фатмир Дехари низ целиот град ги истакна само албанските знамиња по повод денот на знамето.

На ниту една бандера, на ниту еден објект каде што беше истакнато албанското знаме не можеше да се забележи и македонското знаме.

Тоа е законска обврска на градоначалникот согласно Законот за употреба на знамињата на заедниците во Република Македонија, покрај знамето на заедницата задолжително се истакнува и државното знаме.

Членот 5 од овој закон вика: Во единицата на локалната самоуправа во која живеат граѓани припадници на заедницата и се повеќе од 50% од населението во таа единица на локалната самоуправа, пред и во објектите на од јавен и локален карактер јавните служби и правните лица основани од единицата на локалната самоуправа, на улиците, плоштадите покрај знамето на Република Македонија се истакнува и знамето на таа заедница:
– во денови на државни и други празници на Република Македонија утврдени со закон;
во денови на празници на заедниците;
– …

За непочитување на оваа одредба законот во членот 10 предвидува казна од 700 до 4000 евра за градоначалникот.

На потег се институциите на системот да преземат соодветни дејствија.