Претседателот на Советот на јавните обвинители Ацо Колевски на денешната јавна расправа за законот на Јавното обвинителство укажа на одредени недоречености или одредби во овој предлог закон во врска со Советот на јавните обвинители.
„Според мене право е на Државниот Јавниот обвинител да определи кој јавен обвинител кој предмети најуспешно ќе ги заврши, според новиот предлог на законот вакви ингеренции има и Јавниот обвинител на основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и коорупција. Со оваа одредба се навлегува во доменот на нивните овластувања, од теоретски аспект, во правото на Државниот јавен обвинител и на Јавниот обвинител на обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и од тие причини сметам дек аи оваа одредба не треба да биде предмет на регулација“, рече Колевски.
Тој вели дека како што се сега предвидени одредбите во новиов текст, преодните и завршните одредби за разлика од предходната верзија имале друг текст, конкретно за советот на јавни обвинители сметаат дека им пречи член 109 став 1 и став 2 од истиот член.
Со член 109 став 1 се обрзува Советот по предлог на јавниот обвинител на Основното јавно обвинителство гонење на организиран криминал и корупција да донесе одлука за големување на бројот на јавните обвинители. Сметам дека систематизацијата и зголемувањето на бројот се врши откако се откриваат податоци за бројот на кривични пријави, предмети во фаза на решвање или кои се веќе решени, како и точен број на предмети. Ова задолжение е во исклучителна надлежност на Советот и доколку утврди дека има таква потреба секако истото ќе го стори.
Колевски смета дека оваа одрдба е излишна и не треба да биде предмет на регулација затоа што Советот секако тоа ќе го направи и без постоење на оваа одредба.
Тој дискутираше и за одредбата од член 109 став 2 од предлог законот, каде се предвидува советот да распише оглас за јавни обвинители во јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Познато е дека сме во предизборен период, досега праксата покажала дека не сме превземале вакви дејствија согласно Изборниот закон и Советот со тоа би се ставил во позиција да не знае кој закон да го применува.
