Пратениците со транспарент пред државниот обвинител Јовевски: До кога ќе го криете писмото од Катица

Започна јавната расправа во Собранието за Законот за јавното обвинителство.

Прв пред пратениците се обрати министерката за правда Рената Тренеска Десковска со образложение на законот.

Како втор за збор беше пријавен државниот обвинител Љубомир Јовевски.

Само што започна со излагањето, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ истакнаа транпарент со кој го запрашаа:

„Господине Јовевски до кога ќе го криете писмото со кое притворената Катица ви даде незаконска наредба (член 60 закон за ЈО)“

IMG_7141