Пациентот е човек од регионот Старберг во Баварија, околу 30 км југо-западно од Минхен.

Тој е во стабилна состојба, се вели во соопштението на баварската управа за здравство и безбедност на храна. Мажот е под медицински надзор и е изолиран.

Портпаролот на баварското Министерство за здравство изјави дека постои мал ризик од зарази други луѓе во покраината. Луѓето кои биле во контакт со пациентот се детално информирани за симптомите, мерките на претпазливост и начинот на ширење на вирусот.

Случаи на инфекција со новиот коронавирус се забележани и во Јужна Кореја, Тајван, Тајланд, Непал, Виетнам, Саудиска Арабија, Сингапур, САД, Канада, Франција и Австралија. Голем број на земји во Европа и Азија планираат да ги евакуираат своите граѓани од градот Вухан, што е епицентарот на епидемијата. Јапонија, САД и Франција веќе започнаа со активности за репатријација.

Бројот на загинати од пневмонија предизвикана од новиот коронавирус во Кина достигна 106 лица,

Oбјавија новинските агенции, цитирајќи ги податоците на кинеските власти. Бројот на заразените се искачи на 4515, објави новинската агенција Ксинхуа. Првата смрт на новиот вирус е исто така пријавена во Пекинг, објави Ројтерс. Во последните 24 часа, 24 од заразените починале во провинцијата Хубеи. Епицентарот на епидемијата е најголемиот трговски и индустриски центар во оваа провинција – градот Вухан, со население од над 11 милиони. Патните ограничувања се воведени во поголемиот дел од Хубеи, каде живеат скоро 60 милиони луѓе.

Кинеската Национална администрација за имиграција ги повика граѓаните да ги разгледаат плановите за патување во странство за да го спречат прекуграничниот сообраќај со цел да се запре ширењето на вирусот.

Филипините привремено ги прекинаа туристичките визи за пристигнувањата од Кина за да спречат ширење на инфекцијата.

Монголија, пак, стана втора земја по Северна Кореја што ја затвори границата со Кина поради заразата.

Сепак, во овие две земји нема пријавено случај на нов вирус во кој загинаа најмалку 81 лице во Кина. Монголија ги затвори училиштата, универзитетите и спортски сали повеќе од еден месец – до 2 март.

Новиот коронавирус 2019-nCoV предизвикува симптоми на заразен грип и може да предизвика сериозни респираторни проблеми.