Веста за загинувањето на Коби Брајан го погоди целиот свет, а посебно љубителите на кошарката кои растеа со натпреварите на легендата на Ла Лејкерс.

За каква кошаркарска големина странува збор доволно говори податокот дека е покрената петиција за ликот на Коби Брајант да биде официјалното лого на НБА лигата. Еден од најдобрите играчи на сите времиња ќе остане вечно запишан во страниците на кошаркарската историја како човек кој собори безброј рекорди.

Покрај тоа што ќе биде запаметен како еден од најголемитe во светот на кошарката, тој ќе биде и запаметен како голем мотиватор и инспирација за многу луѓе. Во прилог можете да го погледнете документарецот на Коби каде најдобро можете да видите за каков талент и човек се работи.