Началникот на иранската револуционерна гарда, генерал Хосеин Салами, предупреди дека ќе побара одмазда за командантите на САД и Израел, доколку Соединетите држави продолжат да им се закануваат на иранските генерали.
„Предупредувам да се повлечат од ова поле“, рече тој пред државната телевизија, предупредувајќи дека доколку не го сторат тоа, тие „дефинитивно ќе се каат“.
Во напад од беспилотни летала на САД на 3 јануари, најмоќниот ирански генерал, Касем Солејмани, кој ги водеше единиците на Револуционерната гарда на Кудс, беше убиен на аеродромот во Багдад.
Пет дена подоцна Иран испука проектили кон две бази во Ирак, во кои се сместени и американските сили.
Солејмани го наследи Есмаил Ганани, кој рече дека ќе продолжи таму каде што застанал неговиот претходник.
Американските закани и одговорот на Иран
Салами одговори на коментарите на американскиот специјален претставник за Иран Брајан Хук, даден минатата недела на економскиот форум во Давос.
„Ако тој следи сличен пат убивајќи ги Американците, ќе биде погоден од истата судбина“.
Салами истакна дека САД и Израел треба да знаат дека доколку им се заканат на иранските генерали, „никој од нив нема да најде безбедно место“ за живеење.
Тој изјави дека одговорот на Иран на постојаните закани ќе биде „сосема различен“ без да прецизира детали.



