Мицкоски: Русковска се претвори во заштитник на скандалите на Заев

Што треба повеќе да се случи ова обвинителство да започне да гледа докази за криминал кај власта?- Праша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, потсетувајќи на неодамнешната изјава на обвинителката Вилма Русковка.

Изјавата од пред некој ден на обвинителката Вилма Русковска е причина повеќе зошто ни треба закон за независно обвинителство, и доказ плус за целосната политизираност на сегашното обвинителство. Тоа објаснува и зошто Заев се бори за закон кој ќе го амнестира криминалот, напиша Мицкоски.

Обвинителството уште еднаш ја зема улогата на заштитник на криминалот на власта.Русковска се претвори во заштитник на скандалите на Заев.

Мицкоски наведе дека случајот за поткуп на гласачи во 2014та година, “сосема случајно” бил отворен во 2018та година и затворен поради немање на докази. И сега, како што напиша тој, ние треба да и веруваме на Русковска дека Заев е невин во целиот случај, кога јавна тајна е како СДСМ и Заев обезбедуваат поддршка во Струмица и не само таа 2014та година туку и за изборите претходно, но и времето потоа.

Овој случај со поткуп на гласови е отворен и затворен во 2018та затоа што тоа Вилма Русковска е обвинител, а Заев беше премиер и само така Заев може да биде нечепнат. Го отворила за да го затвори, далеку од очите на јавноста.

Впрочем, според Мицкоски, сега е јасно дека обвинителство е чуварот на криминалите на актуелната власт. Да ги бројам ли, Рекет 1, Рекет 2, Рекет 3, Поткуп, Крвави тендери, Афера Кеш во СЈО, канабис милиони за власта… Слепилото пред криминалот на сегашното обвинителство може да се острани единствено со квалитетен закон за обвинителство. И пораз на Зоран Заев на следните избори. Се дотогаш, разни Вилми и Јовевци ќе не убедуваат во неубедливото, напиша Мицкоски на Фејсбук.